Зголемени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

86

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во февруари годинава се повисоки за 10,8 отсто на месечно ниво, а пониски за 8,5 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на моторниот бензин пораснала за 12,1 отсто на месечно, а се намалила за 8,6 отсто на годишно ниво, додека кај дизелот пораснала за 10,9 отсто на месечно ниво, а се намалила за 8,7 отсто на годишно ниво. Цената, пак, на автоплинот (ТНГ) пораснала за 3,2 отсто на месечно ниво и за 0,5 отсто на годишно ниво.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Извор:МИА