Воспитувачите, негувателите, стручните соработници и директорите на јавните установи во општина Аеродром добија покачување на платите за 16 насто.

Ова беше одлучено на последната седница на Советот, кој ги изгласа предлог-одлуките за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на градинките на територијата на општина Аеродром.

Исто така, и советниците на општина Центар изгласаа воспитувачите, негувателите, стручните соработници и директорите на детските градинки „Кочо Рацин“,„13 Ноември“ и „Раде Јовчевски – Корчагин“ да добијат покачување на платите за 16 насто. Повисок износ персоналот на градинките ќе добие веќе со јунската плата.

Зелено светло за одлуките дадоа советниците на двете опшстини со цел мотивирање на кадрите кои се грижат за децата во градинките.