Младата атрактивна новинарка Морган Ридл беше дел од ложата на американскиот тенисер Тејлор Фриц за време на настапите на Индијан Велс.

Инаку, Фриц има многу турбулентна љубовна врска. Иако има само 23 години, тој веќе беше во брак кој пропадна! Тенисерот беше во брак со својата колешка, малку познатата Ракел Педраз. Тие имаат син, кој се роди во 2017 година, но разводот на младите американски тенисери во 2019 година предизвика големо внимание. Светските медиуми пишуваат дека токму Ридл е причината за разводот на младиот тенисер.