Оваа 2021 година дефинитивно е најуспешната во кариерата на Ламонт Марсел Џејкобс (27). Италијанскиот спринтер ја освои европската титула на 60 метри во сала во Торун зимата, а потоа го освои и олимпиското злато на 100 метри летово со нов европски рекорд од 9.80 секунди. Исто така освои уште едно олимписка злато – на штафетата 4Х100 метри.

По Олимпијадата во Токио, тој одлучи да направи пауза, а воедно ја запроси својата девојка Никол Даза. Спринтерот се пофали на Инстаграм дека сексапилната Даза му кажала „ДА“.

Двајцата не се официјално во брак, но нивната врска е зајакната со две деца. Тие имаат момче и девојче, а нивната врска трае повеќе од четири години.