Манекенката Анџела Насти го напушти фудбалерот на Болоња, Кевин Бонифаци. Како што пишуваат италијанските медиуми, причина за нивната разделба е тоа што згодната манекенка го фатила со друга девојка.

Фудбалерот на Болоња се уште не се изјаснил околу ова, но сè укажува дека 22-годишната Анџела бурно реагирала, му одржала лекција и го оставила кога дознала дека Бонифаци флертува со друга девојка.

Анџела пред само неколку недели со воодушевување објави дека е многу среќна со него и работат на уредување на заедничкиот дом, но сега се пропадна во вода.

Инаку, Анџела е помладата сестра на Чаир Насти, далеку попознат модел кој беше во врска со ѕвездата на Рома, Никола Заниоло. Изгледа дека и двајцата имаат проблем да го најдат идеалниот маж во животот.