Звонко Пекевски по втор пат избран за градоначалник на Берово

117

Во Берово со централна прослава на плоштадот ,,Димитар Беровски” се славеше победата на Звонко Пекевски од коалицијата ,,Најдоброто за нашата Општина” кој по втор пат го доби градоначалничкиот мандат. На денешните локални избори според податоците на Државната изборба комисија тој освои 47,75 проценти од гласовите, наспроти 43,05 проценти кои ги освои неговиот опонент од опозициската ВМРО ДПМНЕ, Елеонора Рашковска.

Во својата изјава кон членството Пекевски изрази благодарност до сите кои, како што рече, придонесоа за новата голема победа.

-Сите вие што бевте со мене во изминатиот период сте целосно заслужни за уште една нова победа и овој пат во првиот круг. Ви благодарам, рече Пекевски.

На прославата присуствуваше и Министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска која додаде дека победата е една од најголемите во Берово извојувана на локални избори.

Таа воедно информираше дека во Советот на Општина Берово, Советничката листа на СДСМ засега брои 8 советници, а се очекува уште еден советник да се придодаде на оваа листа. На изборите во Берово како кандiдати за градоначалници учествуваа и Горан Алачки од Интегра и Горанчо Костевски од партијата РОДИНА. Во Берово од 10.758 регистрирани гласачи своето право на глас го оствариле 6184 граѓани.