Германскиот тенисер Александар Зверев, се сомнева дека бил заразен со коронавирусот додека настапувал на првиот грен слем турнир сезонава Австралијан опен во Мелбурн.

Тој тоа го откри во вклучување во живо на социјалната мрежа Инстаграм, во разговор со водителот Оливер Похер. Зверев истакна дека се сомнева во такво нешто затоа што пред крајот на декември бил во Кина.

-Еден месец кашлав, но никој не знаеше тогаш за вирусот. Кашлав по пет до шест часа без престан, а два дена имав и висока температура, изјави 22-годишникот.

Зверев во Мелбурн дојде до полуфиналето. Моментално тој се наоѓа на седмото место на АТП-листата.