„Корона катрени“ од авторот Васил Маневски, е првото џебно издание на стихови и прво дело од ваков вид на роднокраен автор. Со излегување на оваа книга  Пијанечкото роднокрајно творештво е збогатено за уште еден наслов.

“Во делото се напишани стихови, т.е. катрени посветени на актуелната ситуација со светската пандемија. Во соработка со Здравствен дом „Гоце

Делчев“ – Делчево и Јавната локална библиотека „Илинден“ , планирано е да одржиме неколку промоции, со кои публиката одблиску ќе се запознае со ова дело“, истакна Маневски.

Рецензент на книгата е доктор Билјана Георгиевска, додека предговорот за „Корона катрени“ го напиша д-р Марија Глигоровска, која е и директор на Здравствениот дом во Делчево, каде е предвидено да се одржат дел од промоциите. Кориците на книгата се дело на карикатуристот Миро Ѓеоргиевски, додека книгата е издадена од страна на издавачката куќа „Орион“.