За 50-тиот роденден: Шулајковски со заедничка изложба во “Акантус“

104

Со изложбата на слики насловена „ЛЕВЕЛ 50“, браќата близнаци Тони и Емил Шулајковски од вечерва се претставуваат во галеријата “Акантус“.

По 19 години тие повторно прават заедничка изложба за која повод е нивниот 50-ти роденден. Изложбата ќе има педесет дела – по 25 од двајцата уметници.

Ликовната уметница и куратор во “Акантус“ Дијана Томиќ-Радевска во предговорот на каталогот за изложбата наведува : “Нивната генетска блискост ја бараме и во нивното сликарство кое на прв поглед е толку блиско во пристапот, но и исто толку различно. Тоа се разликува во барањето на инспирација, во градењето на композицијата, а во овие зрели години на нивното творештво се разликува и во нивната пигментна и тонска гама“, ќе истакне Томиќ-Радевска за изложбата која ќе може да се посети до 20 март.