За 24 часа санкционирани 983 граѓани за неносење маска

46

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци, соопшти МВР.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.