За љубителите на хоророт: Вилата на семејството Адамс е отворена за посетители

90

Вилата уредена по култната серија „Семејството Адамс“ (Adams Family), ќе биде достапна за посетителите кои се љубители на хоророт.

По неодамнешната премиера на анимираниот филм „Семејството Адамс“, на фановите им е овозможено да поминат ноќ во вилата која е дизајнирана по пример на куќата на познатото семејство.

Дизајнот е во стилот на Мортиша Адамс, а во куќата ќе бидат сместени препознатливи предмети од позната серија.

Вилата е стара два века и се наоѓа во Бруклин, а љубителите на „Адамс хоророт“ ќе можат во неа од 28 октомври до 1 ноември да ја прослават Ноќта на вештерките.

Бидејќи вилата има само три спални соби, само шест најбрзи обожаватели на хоророт ќе можат да поминат ноќ во „проколнатата вила“, а едно ноќевање ќе чини 100 долари.