Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се закити со титулата на Ролан Гарос, откако во финалето го победи Стефанос Циципас. Двајцата тенисери одиграа фантастичен меч во Париз и ги покажаа сите убавини на тениската игра. Грчкиот тенисер по првите два сета водеше со 2:0 и се чинеше дека ќе ја освои првата грен слем титула, но тоа не се случи. Светскиот тениски рекет број еден успеа да направи пресврт и да победи со 3:2 За Новак ова беше 19. грен слем титула во кариерата и има само една помалку од Роже Федерер и Рафаел Надал.

Дебатата околу тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња трае веќе подолго време, но факт е дека српскиот тенисер наскоро ќе ги помине Надал и Федерер во осовјувањето на бројот на грен слем титули. Но, срскиот тенисер е убедливо прв по заработувачка во досегашната кариера.

Ѓоковиќ во досегашната кариера заработи неверојатни 123.688.000 долари, а самото совојување на титулата на Ролан Гарос му донесе 1,4 милиони евра на сметката. Зад него што се однесува по заработувачка е Швајцарецот Роже Федерер со 107.512.000 долари, а потоа следи Шпанецот Рафаел Надал со 103.165.000 долари.