За шест дена од коронавирусот починале 49 лица, најтешките три месеци се пред нас!

-Што повеќе ќе заладува, што повеќе ќе биде пократок денот, позагаден воздухот, луѓето ќе влегуваат внатре и понатаму ќе ја шират болеста. Ако сме во криза, како што во моментов се наоѓаме, да се соединиме. Тоа значи политичките, верските лидери и сите да им кажат да се воздржат 5-6 месеци или да има кажат носете маска 14 дена по сегашни прописи секаде кај што треба, не се собирајте да видиме дали ќе се случи нешто за 28 дена, вели вирусологот д-р Пановски

43

Навечер треба да има полициски час, бидејќи младите сакале-нејќеле ни го носат коронавирусот дома, вели вирусологот д-р Никола Пановски, кој предупреди дека како што ќе заладува времето, воздухот ќе биде позагаден луѓето ќе се собираат во затворен простор и така ќе се шири болеста.

-Што повеќе ќе заладува, што повеќе ќе биде пократок денот и позагаден воздухот, луѓето ќе влегуваат внатре и понатаму ќе ја шират болеста. Затоа меркиве освен носење маска надвор се во ред, меѓутоа треба да има механизми како ќе се почитуваат тие мерки. Значи, во автобус може да се стават камери, да има контролор во меѓуградски превоз, значи строга контрола. Во фабриките да се почитуваат протоколите. Остануваат домовите кои не можат да се контролираат. Ако сме во криза, како што во моментов се наоѓаме, да се соединиме. Тоа значи политичките, верските лидери и сите да им кажат да се воздржат 5-6 месеци или да има кажат носете маска 14 дена по сегашни прописи секаде кај што треба, не се собирајте да видиме дали ќе се случи нешто за 28 дена, вели тој.

Тој додаде дека проценка на оваа епидемија е дека би умреле меѓу 20 и 30 милиони ако нема мерки може да трае и повеќе од две години.

– Светот е решен со разни мерки да спаси да умрат барем 2-3 милиони и ги предложил овие мерки. Некои немаат логика, не можеме да ги разбереме, меѓутоа основните мерки треба да ги почитуваме. Не се лицитира со бројки, но во првите две години би умреле 2.000-3000 и да спасиме 20.000 луѓе. Најтешките три месеци се пред нас, рече Пановски.

Тој додаде дека болеста букнува поради тоа што веќе еден месец луѓето се собираат во затворени простории.

-Секаде кај што се почитуваат протоколите и кај што има логика треба да се почитуваат мерките, за карантини и затворање на ресторани, треба многу пари, тоа Кина може да го направи, истакна д-р Пановски.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје е објавено дека само за шест дена, во периодот од 12 до 18 октомври имало 49 смртни случаи во 16 градови, што е зголемување за 58,1 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, во извештајот стои дека 38 лица биле над 60 години, девет лица на возраст од 50-59 години и два смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.

– Процентот на позитивни случаи од тестирани лица на ковид-19 изнесува 20,3 проценти, најзастапена возрасна група меѓу позитивните случаи е на лица на возраст од 30 до 39 години – 20,9 отсто од заболените, а најголем дел од регистрираните лица се од Скопје, наведоа од ИЈЗ.

Од Институтот информираа дека по добиени два негативни теста за присуство на САРС-ЦоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.089 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 25 проценти повеќе во однос на минатата недела.

Од епидемиолошки истражените случаи регистрирани се 96 (7,3 проценти) хоспитализирани, а кај 305 (23,3 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 470 (35,9 проценти) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 26 (2,0 проценти) лица со историја на патување (во последни 14 дена), посочија од ИЈЗ.