За циркусот на ИХФ цената ќе ја платат клубовите

76

Светското првенство во ракомет заврши со триумф на домаќинот Данска. Скандинавците уште еднаш ја покажаа својата моќ во ракометот и со максимални десет победи го освоија првото светско злато, откако во големото финале во Хернинг ја прегазија селекцијата на Норвешка.

Ова првенство беше специфично и по тоа што Светската ракометна федерација (ИХФ) го смени форматото на натпреварување и репрезентациите мораа да одиграат дури десет натпревари за 17 дена што придонесе многу играчи да се повредат и предвреме да го завршат натпреварувањето. Затоа играчите го покажаа својот револт кон ИХФ, но во исто време покажаа дека се подотвени да ги бранат боите на своите земји.

  • На Светското првенство во Франција во 2017 година, Данска и Германија беа елиминирани во осминафиналето и затоа телевизиските права не беа доволно добро продадени, изјави голманот на „триколорите“ Винсет Жерард и додаде:
  • Како резултат на тоа, ИХФ го смени системот на натпреварување за да може скапо да ги продаде телвизиските права, односно да понуди преност на најмалку осум натпревари. Сега играчите треба да бидат сложни и да кажат дека ваквиот систем на натпреварување е убиствен. Едноставно ние не сме само месо за продавање.

Франција одигра десет натпревари во четири различни градови Берлин, Келн, Хамбург и Хернинг, а тоа беа доволно долги патувања.

  • Ние мораме да го запреме овој циркус и не верувам дека можеме да играме десет натпревари со еден ден одмор. Ние мораме да го промениме тоа, Нормално дека се важни и ТВ паравата и преносите, но ние мора да мислиме и на здравјето на играчите, вели Жерард, кој се надева дека Здружението на фрнацуските ракометари ќе преземе нешто по ова прашање.

Играчи кои поради премореност и повреда предвреме го завршија настапот се Арон Палмарсон (Исланд), Немања Зеленовиќ (Србија), Даниел Сармиенто и Дани Душебаев  (Шпанија), Сирил Димулан и Седрик Сорендо (Франција), се само некои од имињата кои мораа да го завршат турнирот пред крајот

Србинот Немања Зеленовиќ, кого го очекува шестмесечна пауза од терените, исто како и Германецот Штробел, а во текот на СП 2019 настрадаа и Швеѓанецот Готфридсон и Тунижанецот Жалуз. Ако на ова ги додадеме и Унгарците Жамали, Балаг и Бодо, како и австрискиот ас Доминик Шмид, јасно е дека згуснатиот распоред не можеше да мине без последици кај голем дел од селекциите.