За Цеца Ражнатовиќ бракот е успешен само ако сопругата мириса на парфем, а не на мисиркина супа!

168

Бракот не се одржува преку стомакот. Тоа сигурно не се прави со поховано месо и мрсна мисиркина супа. Можам само кафе, топло чоколадо или чај да сварам. Едноставно кажано, јас не уживам во готвењето!

Фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ храбро вели дека не го смета готвењето како способност и вештина со кои би можела да се пофали. – Не би рекла дека сум некоја домаќинка, всушност сум никаква. Можам само кафе, топло чоколадо или чај да сварам. Не се задржувам во кујната.                                                                              Патот до машкото срце не води преку стомакот туку преку некој добар женски парфем на кој ќе мирисате цел ден за вашиот сакан. Токму затоа сакам да мирисам на добар парфем, а не на запршки од грав или полнети пиперки. Женските квалитети не ги дефинира само тоа дали таа знае добро да витка сарма и да зготви мусака.

Денес секоја може да биде вешта домаќинка, но поважно е да се негува и да се одржува брак, но не преку стомакот.
Тоа сигурно не се прави со поховано месо и мрсна мисиркина супа. Едноставно кажано, јас не уживам во готвењето, раскажа Цеца и предизвика голема огорченост кај своите обожавателки, оние домаќинки кои до сега ја креваа до ѕвездените височини. – Не сме знаеле дека Цеца е толку проста доколку навистина вакво нешто изјавила.

Таа нè навреди, зашто ние сакаме да бидеме добри готвачки за нашите деца и нашите мажи, за нашите семејства! Ние не одиме во маркет да купуваме готови сарми, тие ги правиме по домашен рецепт. Цеца ја каниме на гости да ја најадеме со селските српски сарми, провокативно порачаа обожавателките на Ражнатовиќ. (Д.М.)