За уставни измени нема да се чека нов Парламент!

Целиот фокус во моментов е на енергетската и на економската криза, распишувањето избори и евентуалното формирање техничка влада би ги закочиле справувањето со енергетската криза и скринингот, кој треба да заврши до следната година, вели во изјава за весникот ВЕЧЕР политичкиот аналитичар Петар Арсовски. - Донекаде, јас ја разбирам политичката логика зошто се бараат предвремени избори, но немаме проценка дали новиот состав би ги поддржал тие уставни измени, бидејќи ние не знаеме дали тој новоизбран парламентарен состав  би бил со поголема или со помала веројатност да ги изгласа уставните измени. Според мене, ќе се оди со сценарио уставните измени да поминат со актуелниот состав, предвремени избори напролет мислам дека не се можни, бидејќи партиите до март, секако, ќе бидат фокусирани со енергетската криза, а есен 2023 година, пак, е многу блиску до редовниот термин за избори пролет 2024 - коментира Арсовски

310

Дали уставните измени може да стават на „брза лента„, или нивното гласање е осудено на пропаст засега е неизвесно. Секој ден се погласни се повиците за консензус за отворањето на Уставот, опозицијата е децидна дека под овие услови нема да гласа, власта и натаму со оптимистички очекувања, а притисоците од меѓународната заедница се се позасилени. Албанскиот блок се обедини за барањето- од Уставот да се тргне формулацијата „друг јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението“. Доколку не се изгласаат уставните измени, ценат од албанските партии, неопходни се предвремени парламентарни избори.

– Ако не поминат уставните измени во овој парламентарен состав, тогаш мислам дека уште долг временски период ќе тапкаме во место и ќе бидеме држава во која нема да има ниту Македонци, ниту Албанци, ниту други етнички заедници бидејќи полека народот се иселува. Ако не поминат уставните измени, може да се случат и предвремени избори. Ако нема договор за уставните измени, мислам дека неизбежни се предвремените избори, изјави в.д. претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари, кој за следната недела ја најави промоцијата на предлозите за промени во Уставот.

Според него, можеби треба да се размислува и за нов функционален устав бидејќи постоечкиот, како што вели, е „крпен“.

Но познавачите на политичките прилики се скептични дека избори во овој момент се решение. Целиот фокус во моментов е на енергетската криза и економската криза, распишување на избори и евентуално формирање на техничка влада би го закочила справувањето со енергетската криза и скринингот кој што треба да заврши до следната година, вели во изјава за весникот ВЕЧЕР политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

-Изборите ќе закочат се, и сметам дека логистички е невозможмо да се организираат предвремени избори за на пролет, со оглед на оа што техничка влада треба да се формира три месеци пред изборите. Мислам дека во моментов нема простор за предвремени парламентарни избори со оглед на тоа што целиот фокус во моментов е на енергетската криза и економската криза, евентуалното формирање на техничка влада би го закочила справувањето со енергетската криза и скринингот кој што треба да заврши до следната година. Донекаде, јас ја разбирам политичката логика зошто се бараат предвремени избори, но немаме проценка дали новиот состав би ги поддржал тие уставни измени, бидејќи ние не знаеме дали тој новоизбран парламентарен состав  би бил со поголема или со помала веројатност да ги изгласа уставните измени. Според мене, ќе се оди со сценарио уставните измени да поминат со актуелниот состав, предвремени избори напролет мислам дека не се можни бидејќи партиите до март секако ќе бидат фокусирани со енергетската криза, а есен 2023 година пак, е многу блиску до редовниот термин за избори пролет 2024, коментира Арсовски.

Не можеме како држава за било која препрека да бараме предвремени избори. Треба да се остави еден мандат да се истера до крај, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија.

-Скринингот не е поврзан со изборните циклуси и не би требало врз него да влијае одлуката дали ќе има или нема да има предвремени избори.

Но едно е сигурно, не можеме ние да бараме предвремени избори за било која препрека на која ќе наидеме. Треба да се дозволи било која гарнитура да го истера мандатот до крај. Незнам дали евентуалното неизгласување на уставните измени е повод за предвремени избори, но тоа во голема  мера ќе прати порака за тоа на кој начин власта се справува со предизвиците, додава Трошановски во изјава за веникот ВЕЧЕР.

Процесот на уставни измени треба да се одвива со забрзана динамика, за да не се изгуби моментумот во преговорите со ЕУ, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Треба да се работи во забрзана динамика и не сметам дека треба да се одложат наредните избори, поради две причини – едната причина е заради тоа што ние не смееме да оставиме временски јаз помеѓу завршување на скринингот и отворањето на првото поглавје, бидејќи во ЕУ преговорите најважен е моментумот. Ако го изгубите моментумот тоа најтешко се враќа и политичарите што имаат искуствто во европскиот процес знаат дека моментумот е сега и не смееме да го испуштиме, и втора причина, не сметам дека наредните избори треба да бидат референдум за уставните измени, туку треба да бидат избори за подобар стандард на граѓаните и владеење на правото, рече Османи.

Во однос на тоа дали како власт имаат стратегија како ќе го соберат двотретинското мнозинство за уставните измени, тој вели дека со преговорите со ЕУ се добива безбедност, стандард, заштитени идентитетски атрибути и оти тоа граѓаните полека го разбираат и го поддржуваат.

Во исто време, и меѓународната заедница го засилува притисокот за уставни измени. Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ побара внатрешен политички консензус.

– Од нашето искуство знам дека е многу важно и неопходно е да се постигне внатрешен политички консензус околу уставните измени како дел од преговарачкиот процес, рече Тигањ, по средбата со гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

За отварање на првите поглавја, во рок од една и пол година во Преамбулата треба да се додадат и Бугарите. Владата е подготвена заедно со нив, да ги додаде и Хрватите, Црногорците и Евреите. Конкретен предлог за старт на уставните измени сè уште нема. Кога ќе дојде, треба да биде изгласан во Собранието со најмалку 80 гласови.                         (Ј.Ц.Г.)