За топла зима на скопјани, на топланите за работа им се потребни 230 милиони м3 природен гас

54

За топла зима на скопјани, за работа на топланите ќе им бидат потребни околу 230 милиони кубни метри природен гас. Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот, вели дека ТЕ-ТО, комбинираната електрана, троши околу милион нормални кубни метри на ден, односно за 30 дена работа тоа се 30 милиони нормални м3 на гас.

– До крајот на грејната сезона топланите во Скопје мислам дека треба да потрошат околу 25 милиони заклучно со април, ЕСМ енергетика мислам дека приближно околу 24 милиони и Скопје Север околу 1 милион. Вкупната бројка е околу 230 милиони нормални м3 на природен гас – рече Андонов.

Според него, се уште не е дефинирана цената.

– Но, ако се поведеме од податокот дека за индустријата објавија дека за нив е прифатлива цена од 200 евра, имајќи ја во предвид формулата и трошоците за производство на ТЕ-ТО Скопје, на тој начин ќе биде дефинирана цената за природниот гас. ТЕ-ТО и во претходната зима работеше 24 часа, одосно во базен режим и се водат разговорите за функционирање на ТЕ-ТО во грејната сеозна, впрочем тоа е единствениот начин како граѓаните на Скопје имаат топлина во текот на зимата. Јас сум сигурен дека ќе биде обебзедено решение пред почнување на грејната сезона – наведе Андонов.

Според него, доколку не се постигне договор на државната ЕСМ со АДОРА за топланите, има решение согласно Законот за управување со кризи, а со кој Владата има право да ги стави на располагање сите ресурси на државата, и на јавните претпријатија и на приватните компании, за обезбедување на таа јавна услуга.