За такви како тебе има посебно место во пеколот

3856

Пола година подоцна, откако стави крај на десетгодишната врска со Жерар Пике, познатата пејачка Шакира го даде своето прво интервју и тоа за мексиканските медиуми. Таа откри дека се чувствува доволно силна, посилна од лавица, а испрати и неколку отровни стрели кон новата девојка на поранешниот фудбалер на каталонскиот гигант Барселона.

  • Молчев и само се обидував се тоа да го просесуирам. Да, тешко му е да зборам на таа тема, затоа што уште поминувам низ се тоа, затоа што сум во јавноста и затоа што нашето раскинување не е нормално раскинување. Беше многу тешко, не само на мене, тешко им беше и на моите деца, откри Шакира.

Пејачката додаде дека наседнала на приказната дека жената има потреба од маж, за да заедно ја изградат фамилијата и дека треба заедно да живеат со мајката и таткото во иста куќа.

  • Бев заљубена во љубовта, но успеав да се сфатам од една друга перспектива. Сега сум си доволна сама на себе. Кога жената ќе се соочи со животот, таа од секоја ситуација излегува само посилна. Сега се чувствувам исполнето. Се чувствувам посилно од лавицата. Се тоа е резултат од искуството, од прифаќањето на разделбата, толерирањето на многу работи и нормално, фрустрациите, изјави Шакира.

Во продолжението од интервјуто, Шакира откри дека сака да биде пример на своите деца и дека тие можат да видат се што може еден човек да преживее и дека од тоа може да излезе само посилен.

Пике ја измами Шакира со далеку помлада девојка и поранешниот фудбалер веќе не крие дека е во љубовна врска со Клара Киа.

  • Во пеколот постои место кое е резервирано само за жените кои не им даваат подршка на другите жени. Јас зависам сама од себе. Имам две деца и морам да бидам лавица за нив. Мора да ги истрпите сите фрустрации, има работи кои не се како што вие сакате. Минав низ многу лоши ситуации, но открив дека имам фантастични пријатели во моите фанови. Публиката беше клучна да ме подигне од мртвата точка. Сакам животот да дојде и да ми покаже што е следно, заврши Шакира.