ЗА СКОПЈЕ: Арсовска пред Шилегов со над 7.000 гласа, обработени 99% од гласовите

115

Според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, за градоначалник на Скопје обработени се 99,27 отсто од гласовите.

Податоците покажуваат дека независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, освоила 86.147 гласа, додека кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, 78.226 гласа. Ова значи дека дефинитивно Арсовкса и Шилегов ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.

Трет на листата е Петар Георгиевски-Камиказа од Левица со освоени 20.430 гласа, потоа Ана Петровска од „Зелен хуман град“ со 9.776 гласа, Арбен Шакири од ЛДП/ДОМ со 8.870 гласа.

Според информациите на страната на ДИК, во Скопје гласале 228.425 избирачи и досега има 15.929 неважечки ливчиња.