За родителите на жртвите и адвокатите супервештачењето за автобуската несреќа е само фарса – Судењето за трагедијата во Ласкарци како Монти пајтон!

Сведоци сме уште еднаш дека ова прераснува во Монти пајтон циркус. Судијата дозволува судењето да оди во погрешна насока. Замолуваме уште еднаш како родители, како оштетени да ги сослуша сите релевантни докази и факти што се приложени од супер вештачењето, иако дека ова нема врска со што го има понудено супер вештачењето – изјави Благојче Трпески, татко на еден од загинатите во несреќата. Еден од адвокатите на оштетените од несреќата, Владимир Николовски, го коментираше досегашниот тек на сведочењето во случајот за трагичната сообраќајна несреќа што се случи во 2019 година кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени.

76

„Не знам“, „не се сеќавам“, „не можам да го утврдам“, „не го разбирам прашањето“… поради овие одговори на супервештаците пропадна нивниот обид целата вина да се пренесе само на шестообвинетиот – на возачот, а сите други кумулативни пропусти на другите обвинети да се занемарат. Вака, еден од адвокатите на оштетените од несреќата, Владимир Николовски, го коментираше досегашниот тек на сведочењето во случајот за трагичната сообраќајна несреќа што се случи во 2019 година кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени.

-На прости прашања, што се однесуваа на тие машински вештачења, досега немаше конкретен одговор на ниедно прашање. Супервештаците кажуваат дека ги користеле сите тие наоди од машинското вештачење изготвено на Машинскиот факултет, единствено се разликува во заклучокот, инаку другото е сè исто. Одговорноста е само на шоферот, не е на другите пропусти, тоа е очигледно да се пренесе вината само на возачот. Јас имам увид и во машинското вештачење и во ова супервештачење. Сметам дека само наодот е ист, а заклучоците се различни. Жалам зошто се соочуваме кога претставник на тимот кој го изготвил супер вештачењето, кој е со највисок ранг на титула доктор на науки речиси на секое прашање поставено од обвинителот одговара со „не знам“, „не се сеќавам“, „не можам да го утврдам“, „не го разбирам прашањето“, изјави адвокатот Николовски за медиумите.

Судското рочиште за предметот „Ласкарци“ продолжи денеска пред Основниот кривичен суд со увид во супервештачењето за автобуската несреќа.

Според оштетените, развлекувањето на судскиот процес е тенденциозно и дека се прави само фарса.

-Значи, оваа фарса треба да заврши, бидејќи ако судот веќе го нарача супер вештачењето тоа значи дека супер вештаците треба да бидат по знаење и по сите релевантни фактори да ги соочат фактите од вештачењата на обвинителот, на одбраната и да донесат заклучок каде е вината и што е вината. Сведоци сте, присутни сте на второто судење, д-р на науки на најосновни прашања на обвинителот, еве ќе посочам и едно од тие на претходното рочиште го прашува супервештакот каков систем на кочење имал дотичниот автобус. Може да замислите супер вештачење, дотичното вешто лице да не знае каков систем на кочење има дотичниот автобус, дали имал хидрауличен, автоматски или воздушен. Значи, на секое прашање на обвинителот ги листа страните од тоа супервештачење, тоа се 50-60 страници, повеќе се слики и заклучокот се сведува на неколку страни. Тоа покажува дека ова нарачано супер вештачење од страна на судот, а посебно на одбраната паднаа маските и луѓето што ја направија оваа вина – 16 загинати и седум тешко повредени мора да сфатат и јавноста и судот, посебно судот. Гледате и судијката што го води овој процес дозволува буквално се што ќе побара одбраната, односно бранителите на обвинетите со приговори, не дозволуваат обвинителот да постави едно прашање на одговор. Сведоци сме уште еднаш дека ова прераснува во Монти пајтон циркус. Судијата дозволува да судењето оди во погрешна насока. Замолуваме уште еднаш како родители, како оштетени да ги сослуша сите релевантни докази и факти што се приложени од супер вештачењето, иако дека ова нема врска со што го има понудено супер вештачењето – изјави Благојче Трпески, татко на еден од загинатите во несреќата.

Супервештачењето, на кое се чекаше една година, пристигна во судот пред два месеца, во декември, лани и истото им беше доставено на обвинителот и на странките. Наредното судско рочиште судијката Диана Груевска-Илиевска го закажа за 7 февруари.