За разладување од плажите на Халкидики: Грчко знаме на градите на Девана, македонско на гаќичките!

219

Се лажете ако мислите дека Македонците и Грците не се сакаат. Напротив! Сакањето е особено забележливо на плажите кога сите бараат спас во морето од овие жешки плус 40 степени. Па, така новонадежната македонска русокоса згодна пејачка Девана Нардели е една од оние, кои деновиве уживаат на Халкидики, а освен што ужива таа нашата русокоса убавица објави и фотографија на која е во смела комбинација: со летна блуза на која е отпечатено знамето на Грција и со гаќички со македонско жолто-црвено знаме. И скоро никој ништо не и пререче, освен што сите си коментирале дека Девана е женска за чиста десетка! Така да на никој не му е уште до тоа да се замара со политиката кога пред себе има море, има пливање, а ја има и згодната Нардели.