За прва соло-песна, Спејко доби рака на поддршка од Раста

564

Се надевам дека преку ова моја уметничка творба ќе ги развеселам луѓето во денсхол ритам во овие кризни времиња предизвикани од коронавирусот

Маја АНЧЕВСКА

И од случајна средба и запознавање може да дојде до пријателство, па дури и до соработка. Таков е случајот на Дарко Петковски-Спејко, кој уште пред пет години се запознал со Раста. Но, оваа година Дарко од инфлуенсер стигна до спортски директор на кошаркарскиот клуб Куманово, стана и соло пејач, откако имаше дуети со Тајзи. Сега голем  удел за соло кариера има раперот Раста.

– Со Раста се знаеме од 2015. Се запознавме преку еден сопственик на една дискотека во Хрватска каде што тој настапуваше еден ден пред јас да имам настап со екипата од „Велики брат” со која имав турнеја низ Хрватска. На мојата прва соло-песна „Калиенте“ работев под менторство на Раста со кој се консултирав цело време додека ја снимав. За мојот прв музички проект тој беше запознаен по првата демо-верзија на песната за која ми даде неколку совети за да сето тоа звучи уште подобро. Оваа песна е на српски јазик, а  се промовираше на неговиот Балкатон Генг канал на Јутјуб денеска во 13 часот. Текстот е мој, музиката е моја и на Иван Јованов-Ивајо, а негов е аранжманот. Со Дарио Јанковиќ-Генерал, заедно составивме сценарио, режијата е негова, а за да спотот изгледа уште поатрактивен се заслужни актуелните модели и манекенки кои успешно не претставуваат на интернационалните избори за мис. Спотот се снимаше на неколку локации, а на спотот работеа или беа дел од него повеќе од 40 луѓе. За проектов имав голема поддршка од општината Куманово и спонзорите, а дел одвоив и од свои средства. Се надевам дека преку оваa моја уметничка творба ќе ги развеселам луѓето во денсхол ритам во овие кризни времиња предизвикани од корона вирусот, вели Спејко за весникот ВЕЧЕР.

За познатиот и скандалозниот српски рапер, Спејко има само пофални зборови. Исто така смета дека лошите денови на Раста брзо ќе поминат бидејќи тој е борец.

Раста е голем професионалец се што работи го работи да биде квалитетно, а тоа го потврдуваат музичките топ-листи. За мене тој е највлијателниот музичар на Балканот. Се надевам дека за брзо време ќе се среди ситуацијата и бидејќи е голем борец ќе го надмине тоа без никакви последици врз неговата кариера на која му завидуваат многумина, додава Дарко.