За новите долгови извршителите наплаќаат десет пати помалку, за старите нема спас

488

Кај присилната наплата на долговите со блокирање сметка тарифата е намалена од 20 на 10 евра. За наплата на сметките за струја, парно, кабелски оператори, телефон, одржување на заеднички простории во зграда, кои се во висина до 100 евра, извршителите сега извршителите наплаќаат две, наместо досегашните 14,5 евра. Кога тие се во вовисина од 100 до 200 евра наградата е сведена на пет евра, а за сметките над 200 евра е 10, наспроти поранешните над 20 евра

Паднаа трошоците на граѓаните чии долгови за комуналии ги наплатуваат извршители. Два месеца по стапувањето во сила на новиот Закон за извршување, во примена влезе и нова извршителска тарифа, која за некои наплати е неколкукратно помала од претходната, а за други останува речиси иста. Но, како што објаснува претседателот на Комората на извршители на Македонија, Зоран Димов, таа не важи ретроактивно туку само за новите налози, од петокот кога е стапена во сила, па наваму.

Така, кај присилната наплата на долговите на граѓаните од плата преку фирмата или од трансакциска сметка во банка, извршителите сега наплатуваат две евра, а со претходниот тарифник наградата е 20 евра. Но, должниците и понатаму самите ќе им плаќаат на банките за блокирање и одблокирање на сметката, освен во случаите кога се работи за блокитрање сметки од кои не е дозволено извршување, како на пример оние на лицата кои користат социјална помош.

Со новите налози за присилна наплата на сметки за струја, парно, кабелски оператори, телефон, одржување на заеднички простории во зграда, кои се во висина до 100 евра, извршителите наплаќаат две, наместо досегашните 14,5 евра како што беше со претходниот тарифник. За долговите од 100 до 200 евра сега наградата е пет евра, а за сумите над 200 евра е 10, наспроти поранешните над 20 евра.

Кај извршните исправи за судски одлуки и решенија на државни служби и претпријатија се наплатува 6, 5 евра ако основниот долг е до 100 евра, а ако висината на долгот е од 100 до 300 евра, тогаш извршителската тарифа е 10,5 евра.

Кога се извршуваат поголеми суми, тогаш надоместоците за извршител со новата тарифа остануваат горе-долу исти како со старата. За побарувања до 3.000 евра сега наградата е 7,5 отсто од основниот долг, додека претходно беше 8 отсто плус 30 евра за администрирање.

Истовремено со извршителската, стапи во сила и новата нотарска тарифа која се однесува на извршувањето на долг. Според новиот тарифник наградата на нотарот за таквите предмети не може да биде повисока од 500 денари. Ова се однесува и за долговите над 1.000 евра, за кои по старо се наплатуваа 35 евра.

Ова би требало да биде големо олеснување за граѓаните, кои до сега за долг од 200 денари често плаќаа и повеќе од 200 евра. Но, и понатаму остануваат високите камати на старите долгови, а тука се и не така малите адвокатски трошоци. Се поставува прашањето како ќе постапуваат извршителите и дали ќе бидат прописно контролирани, зашто во досегашната практика и тие солидно го билдаа основниот долг наплатувајќи и за дејствија кои не ги преземале. На пример, граѓанин се пожали дека за наплата на основен долг од 2.200 денари во сметката на извршителот биле впишани трошоци за попис на недвижен имот, за пронаоѓање и за блокирање на банкарска сметка, плус награда, администрирање, манипулативни трошоци… со што сумата за наплата надминала 17.000 денари, од кои 8.000 илјади завршиле на контото на извршителот. Граѓаните стравуваат дека ваквиот начин на работа на изввршителите ќе стане уште поизразен, за да се компензира загубата од намалената извршителска тарифа.

Од Комората на извршителите се незадоволни од новата тарифа, но велат дека стравот ан граѓаните дека тие на друг начин ќе си ги компензираат загубените пари е неоснова,

(С.В.)