Неделава се игра еден од напопуларните мастерс тениски турнири во Монте Карло. Скоро сите тенисери веќе одамна се пристигнати во Кнежевството и веќе тренираат, а има и такви кои допрва реба да пристигнат. Заради пандемијата со коронавирусот, условите нема да бидат исти за сите, а во центарот на вниманието се двајцата најдобри тенисери Србинот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Рафаел Надал.

Особено е интересно што и за нив двајца условите нема да бидат исти. Шпанецот ќе мора да биде во хотел, поточно во балон со останатите играчи и не ќе може да го напушти иститот, додека Србинот ќе може слободно да се движи, бидејќи тој престојува во Монте Карло и за него важат други правила, отколку за тенисерите кои немаат престој во Кнежевството.

Ова е пр турнир за Ѓоковиќ и Надал по Австралија опен, турнир кој го осови Србинот, односно на кој Надал испадна во четвртфиналето од Стефанос Циципас.

Монте Карло минатата сезона беше одложен заради коронавирусот, а сезонава е прв турнир на земјена подлога. Надла е апсолутен рекордер во Кнежевството, откако овој турнир го освојуваше 11. пати. Ѓоковиќ го освои Монте Карло два пати во 2013 и 2013 година.