Освојувачот на бронзен медал од Олимписките игри во Рио де Жанеиро, британскиот гимнастичар Најл Вилсон, тврди дека во овој спорт владее културата на злоставување.

Документарниот филм „Алтета А“ подигна голема прашина во светската спортска јавност. Филмот за докторот на американската репрезентација Лери Насер, кој е осуден заради сексуално злоставуање на повеќе од 250 девојчиња во Америка, покрена вистинска лавина во целиот свет. По овој филм многу спортисти почнаа да ги изнесуваат своите страшни искуства…

Вилсон во разговор за Би – Би – Си откри дека злоставувањето е присурно и во британската гиманстикаи дека спортистите ги третираат само како парче месо.

-Ни ставија страв во коски, бидејќи го држат нашите животи во свои раце. Ако кажеме било што тоа може да влијае на моето место во репрезентацијата за настап на Олимписките игри. Затоа молчиме и правиме што ќе ни кажат. И така, во мојот случај, веќе со децении, ја отвори душата Вилсон и додаде:

-Станува збор за емоционална манипулација и принудување да работиме преку границите на болката. Сите научивме какво е чувството да се живее во страв – настапуваш или ќе има големи последици, а тоа влијае на човекот повеќе од се.

Британецот истакна дека  моментно има одлична соработка и дека проблемот момрнтно лежи во системот.

-Секако би рекол дека сум бил злоставуван, без сомнение. Тоа би го опишал како култура на злоставување. Зивеам и го дишам тоа веќе 20 – години. Медалите обезбедуваат финансии и затоа молчиме и  го работиме она што ќе ни се каже. Ние сме тие кои осовјуваат медали, а сепска не третираат како парче месо и најмалку не плаќаат. Се плашам дека и овој разговор би миожел да ме чини место во репрезентацијата. Но сакам да покренам промена за да можеме да го искажеме своето мислење во иднина, заврши Вилсон.