Кафена мечка нападнала локален жител во Република Тува, а овој успеал на животното да му го одгризе јазикот, јавуваат руски медиуми.

Наводно нападот се случил во реонот Пиј Хемски на 1 јуни. Дваесет и деветгодишниот Николај Игрит со пријателите тргнал во шума да собира еленски рогови, но во моментот на нападот бил сам.

„Кога ја видов мечката прво се скаменив од страв. Немав никакво оружје, дури ни нож. Почнав да викам мислејќи дека така нема да ме нападне, но мечката бргу се затрча кон мене. Успеав да ја удрам со тупаница во глава, но таа скокна врз мене и ме собори“, вели Николај кој сега е во болница во градот Кизил.

Межката почнала да го гризе човекот по стомакот, рацете и главата. Николај во еден момент успеал да го фати животното за јазикот и потоа да одгриза еден негов дел. Потоа животното побегнало.

Другарите на Николај го однеле во болница дури следниот ден. Инаку целата група трагачи по еленски рогови ќе сноси административна одговорност за недозволено палење логорски оган.

Извор