За мир во куќа ќе се жртвува Артан Груби?

Засега е неизвесно  дали на последната средба  огнените повторно инсистирале Артан Груби да биде повлечен од партиските и јавните функции.  Исто така, неизвесно е дали „старото крило„ во ДУИ  го уценува Ахмети  со парламентарното мнозинство, со оглед на тоа што новото раководство  ќе се бира  само два дена пред единствената закажана пленарна седница, на 17 октомври. Во јавноста веќе се шпекулира дека мнозинството е на стаклени нозе, особено откако се проширија информациите дека двајца пратеници од ДУИ, заедно со Кастриот Реџепи  ќе делуваат во посебна пратеничка група

1036

За десетина дена ДУИ ќе избере ново претседателство, а следната година ќе има и партиски конгрес. Вакви заклучоци беа донесени по шестчасовните разговори меѓу огнената група и лидерот на ДУИ Али Ахмети, кои по втор пат на средба успеаја да ги приближат ставовите. Огнените бараа реформи,  а првиот интегративец најави дека разговорите ќе продолжат и во наредниот период. Предводникот на „огнената група“ Изет Меџити по средбата со Ахмети рече дека е задоволен од договореното без да прецизира детали од средбата. Засега е неизвесно  дали на последната средба  огнените повторно инсистирале Артан Груби да биде повлечен од партиските и јавните функции.  Исто така, неизвесно е дали „старото крило„ во ДУИ  го уценува Ахмети  со парламентарното мнозинство, со оглед на тоа што новото раководство  ќе се бира  само два дена пред единствената закажана пленарна седница, на 17 октомври. Во јавноста веќе се шпекулира дека мнозинството е на стаклени нозе, особено откако се проширија информациите дека двајца пратеници од ДУИ, заедно со Кастриот Реџепи  ќе делуваат во посебна пратеничка група.

„Дебатата ќе се врати во ДУИ, органите ќе одлучат за тоа што понатаму со нашите барања, рече Меџити.

Ахмети вели дека е задоволен е задоволен од дебатата со неговите соработници, со кого како што рече  поминал во многу битни процеси.

„На 15 октомври ќе има Централно собрание каде ќе се разговара за политичката ситуација, но и ќе се избере новото претседателство и веднаш истиот ден новото претседателство ќе се врати во седиштото на ДУИ каде што ќе меѓу другото ќе се разговара за политичката ситуација и ќе има отчет од владиниот состав на ДУИ“, изјави Ахмети на прес-конференцијата придружуван од Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта.

Пред околу две недели24 септември медиумите го објавија писмото со кое функционери на ДУИ, кои се нарекоа „огнена група“ побараа од раководството да запре „војната“ во партијата, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност. Ова е втора средба по онаа на 29 септември на кои се дебатираше во насока на внатрепартиски договор.

Огнената група, како што се нарекуваат дел од незадоволните во ДУИ, уште пред две недели преку писмо јавно изразија револт за состојбите во партијата и од лидерот Ахмети побараа смена на првиот вицепремиер Артан Груби. Тие побараа од партискиот лидер да го врати партиското единство и да ја заврши внатрепартиската „војна“, а го обвинија вицепремиерот Артан Груби дека како дел од извршната власт сам одлучувал за кадровските поставувања и дека дилетантски се однесувал, со што се придонело кон револт и пасивност на гласачкото тело што, пак, резултирало со лоши изборни резултати на последните избори во Тетово. Обвинија и дека во партијата не постојат и не се формираат статутарните партиски органи, дека политичкото одлучување станало индивидуално, како и дека не постои дебата и консултација со базата. Меѓу потпишаните во писмото се и Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити и други сегашни и поранешни функционери на ДУИ.