Дома МАКЕДОНИЈА За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

84

– Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: овој пат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите, рече Макрон.

Канцеларката Меркел на прес-конференцијата ги релативизираше тезите дека меѓу двете земји постои судир околу перспективата на Албанија и Северна Македонија. И Берлин и Париз се согласни дека на земјите од Западниот Балкан им е потребна ЕУ перспектива. Процесот мора да се направи потранспарентен и реверзибилен, согласна е Меркел, но додава дека остануваат само неколку „различни нијанси”.

Двете страни сакаат до утре да размислат како да најдат заедничка позиција на самитот на ЕУ, кои, како што наведе Меркел, треба да бидат прифатливи и за другите ЕУ-членки