За квалитетен мак-ракомет потребни се силни  Металург и Пелистер

86
HAMBURG, GERMANY - NOVEMBER 7: Coach Veselin Vujovic of Slovenia during the Men's Handball Supercup between Brasil (green) and Slovenia (white) at Barclaycard Arena on November 7, 2015 in Hamburg, Germany. (Photo by Sascha Klahn/Bongarts/Getty Images)

Македонскиот ракометен вицешампион Металург не успеа да врзе две гостински победи во СЕХА-лигата откако загуби на гостувањето во Ниш, кај Железничар  со  27:25. Македонскиот претставник губеше во поголемиот дел од мечот, но пропушти шанса за камбек кога Димитриоски промаши зицер при резултат 24:23, што се покажа како клучен момент на натпреварот.

Тренерот на Железничар, Веселин Вујовиќ,  кој во минатото седеше на клупата на македонскиот шампион  Вардар не беше најзадоволен од залагањето на својот тим и истакна дека за подобар македонски ракомет потребни се силен Металург и Пеистер.
  • Искрено, гледам дека и моите играчи и оние на Металург се фокусираат на домашните лиги што лично не ми се допаѓа, бидејќи моја филозофија е дека на секој натпревар мора да се дава максимумот и да се оди на победа.  Имавме осцилации на овој натпревар, но сметам дека на крајот заслужено стигнавме до победата. Иако порано бев тренер на Вардар, искрено му посакувам на Металург уште повеќе да напредува во периодот што следи.  Јас му посакувам се најдобро на македонскиот ракомет, а за квалитетен мак-ракомет неопходни се силен Металург, како и силен Пелистер – изјави Вујовиќ.