За истраги за перење пари пресуди се очекуваат до крајот на годинава

33

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов очекува до крајот на годинава да има кривични пријави и пресуди за некои од предметите за перење пари, а кои, како што вели, се со суми во милионски вредности.

Докажувањето на перење пари, потенцира денеска Трендафилов, е прилично сложен процес.

– Пред месец и половина реков дека Управата за финансиско разузнавање работеше на предмети со прилични суми и тие се во истражни или во предистражни постапки и знаете, бидејќи и тогаш нагласив докажувањето на перење пари е прилично сложен процес. Но, во државата веќе постои едно чувство дека тие предмети ќе се процесуираат и ќе има пресуди за нив. До крајот на годината ние очекуваме, значи за повеќе предмети коишто ги водеше и СЈО и таму имаше предмети поврзани со перење пари, и Обвинителството за организиран криминал во моментот води предмети во кои имаме суми коишто се во милионски вредности, и сметаме дека до крајот на оваа година ќе имаме за овие предмети – поднесено и кривични, а некои ќе бидат и со пресуди, рече Трендафиов, во одговор на новинарско прашање во однос на истрагите за перење пари.