За едно деноноќие санкционирани 181 возач

28

На територијата на град Скопје, во текот на вчерашниот ден, изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор.

– Изречени се 55 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 64 возила со специјално возило пајак – соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР истакнаа дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – посочија од МВР.

Имено, за неносење на заштитна маска изречени се 34 санкции.