За едни „циркузант“, за други „цар“ – Градоначалникот на Бања Лука го фрли чадорот и заигра на дождот/ВИДЕО

3049

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ на својот профил на ТикТок објави видео на кое танцува на дождот на карневалот во Бања Лука.

„Посилни од дождот“, гласи описот на видеото на кое се гледа како 30-годишниот градоначалник го фрла чадор и танцува на хитот Flowers на Мајли Сајрус.

Видеото привлече големо внимание во целиот регион и многу коментари. Мислењата се поделени, за едни разиграниот градоначалник е „цар“, за други „ вистински циркузант“.

„Циркузан во вистинската улога“, „Кринџ“, „Не е чудо што светот не не сфаќа сериозно“, „Драшко, ти си најјак“, „Најубавиот градоначалник на Босна“, „Селанец максимум“, „Како се пробива малиот“, „Вистински актер“, се само дел од коментарите под неговата објава.

@stanivukovicdraskoЈачи од кише 💪❤️ Други Бањалучки карневал 😍

♬ original sound – Драшко Станивуковић