За една недела се отвора првиот Ретаил Парк во Македонија

667

Уште една недела до отворањето на првиот Ретаил Парк – ПОИНТ во Скопје. Организаторите најавуваат голем број на забавни активности како за најмладите така и за повозрасните. Големи акции, попусти и најважно од се – Late  Night  Shoping, во кој посетитителите ќе можат да уживаат до полноќ купувајќи ги своите омилени парчиња на гардероба или нешто за својот дом.

Станува збор за еден од најубавите концепти за пазарување во светот, кој повеќето луѓе го обожаваат пред сè поради лесниот и единствен начин на пазарување на принцип Стоп&Шоп.

Забавата е предвидено да започне за најмладите уште во 12 часот со песни и забава, а ќе можат да уживаат во убави песни, фотографирајќи се со омилените картолини и да играат на професионалните играчки за деца кои ќе бидат поставени за нив.

Поинт Ретаил Парк се простира на површина од 9.500 квадратни метри и ќе има 300 паркинг места.