За домашните миленичиња остануваат востановените термини и за продолжениот викенд

36

За домашните миленичиња остануваат востановените термини и за време на продолжениот празничен викенд, соопштија вчера од Владата.

Граѓаните, во периодот кога важи забраната за движење, своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08:00 до 08:30 часот, потоа попладне од 15:00 до 15:30 часот, како и навечер од 20:00 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита.