За децата со посебни потреби, со најпопуларните!

115

Утре на 3 декември, во скопскиот ресторан „Еквилибриум“ во улогата на келнери

Пејачи и водители ќе бидат : Билјана Петровска, Ѓоко Танески, Горан од „Ар-ен-си бенд“, Дојчин,Елена Ристевска, Панчо ДНК, Дани, Димитар Димче Атанасовски , Јелена Спенџарска и Љупчо Чедомирски. Станува збор за хуманитарен настан на кој 20 проценти од парите од прометот и целиот бакшиш ќе одат во хуманитарни цели, за децата со посебни потреби.

„ Среќни сме што ќе можеме парите да ги донираме во мали групни домови за децата со посебни потреби“, соопштија организаторите на хуманитарната акција.