За главоболка Вице Заев од Александар Николовски бара 500 евра

56

“Ако му дошло на Заев за 30 илјади денари, нека си ги троши со здравје”, рече Николовски по подготвителното рочиштето кое се одржа денес во Основниот суд Скопје 2 каде  братот на премиерот Заев, Вице Заев, го тужи за клевета.

Причината за тужбата е поради тоа што Николовски во телефонско интервју за една телевизија, рекол дека Вице Заев и неговото семејство ги добива сите главни бизниси во државата.

На следното рочиште на 26 февруари, ќе биде распрашан братот на премиерот. Николовски доставил одговор на жалбата и рече дека сам ќе се застапува. Вредноста на спорот е 30 илјади денари.

Во изјава за медиумите, Николовски рече дека Вице образложил дека поради таа изјава чувствувал вознемиреност и имал главоболки.