За време на претстојните Новогодишни празници: Полиција ќе патролира низ пазари, трговски центри…

46

За време на претстојните новогодишни празници полициски службеници ќе патролираат низ пазари, трговски центри и други објекти од затворен тип, а се со цел да се спречат секаков вид на безбедносни закани. Од Секторот за внатрешни работи велат дека патролите ќе се вршат во координација со други служби од Министерството за внатрешни работи.

„Секторот за внатрешни работи за време на претстојните новогодишни празници, по претходно утврден план за безбедност на територијата на Град Скопје, секојдневно презема засилени превентивни активности на места каде има зголемена фреквенција на граѓани. Во координација со други служби од Министерството за внатрешни работи предмет на проверка се пазари, молови и други објекти од затворен тип. Целта на превентивно делување е спречување на секаков вид на безбедносни закани кои можат да го попречат нормалното функционирање на граѓаните“, се вели во соопштението од МВР.