Македонската  параолимпијка Оливера Наковска Бикова не успеа да се пласира во  финале, во дисциплината П3-Спорт пиштол на 25 метри на Параолимписките игри во Токио.

Таа во финалната квалификациска рунда со 90, 91 и 93 круга во „рапид“ заврши на деветтата позиција од вкупно 30 натпреварувачи и за само едно место не успеа да се пробие во финалето каде се најдоа најдобрите осум натпреварувачки од квалификациите.

Претходно, во првиот круг квалификации Наковска Бикова имаше извонредно пукање завршувајќи на второто место веднаш зад Џинг Хуанг од Кина.