За викендот утрински температури околу нулата

66
За време на викендот и во понеделник синоптичарите најавуваат стабилно време со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нулата. Веќе од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.

Посвежо време со умерен до засилен северен ветер се очекува денеска во државата. Претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти меѓу 8 и 16 степени, а максималната ќе достигне до 25-тиот степен.