За вакцинираните лица од Македонија нема забрана за патување и карантин во земјите на ЕУ

122

Вакцинираните лица од земјава можат да патуваат каде сакаат, приложувајќи ги ковид пасошите и сертификатите, информира министерот за здравство венко Филипче, откако Македонија беше ставена на црвената листа на ЕУ.

Министерот образложи дека само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти. Секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани и на овој начин е обезбеден полесен и побезбеден живот.

„Во тој поглед сме спремни, посебно со сертификатите. Интензивната работа на тимот кој работеше на сертификатите се исплатеше, еве сега тие сертификати за вакцинација се признаени“, посочи министерот Филипче.