За брзо возење во Скопје изречени 142 санкции

31

На територија на Скопје вчера се изречени 142 санкции за брзо возење, 23 за возење без возачка дозвола и 10 за возење под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека во засилените акциски контроли во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 215 мерки. Меѓу нив, има и шест мерки за некористење сигурносен појас и седум мерки за прекршоци направени од страна на мотоцикли.

Од МВР апелираат до граѓаните да го почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.