За медитативни духови: древен самурајски текст со тајни за натприродните моќи на воините со меч

157

Неодамна преведен самурајски текст насловен „Дванаесет правила на мечот“ ги открива тајните на школата за борење со мечеви која усовршила техника која се чини дека дава натприродни моќи.

Настанат во 17-иот век, текстот содржи знаење пренесено од самурај по име Ито Итосаи (роден околу 1560 година), кој се борел и победел во триесет и три дуели во Јапонија. Истражувачите не се сигурни кога починал, но историските податоци наведуваат дека е можно да ја надживеал 90-тата година од животот. Итосаи никогаш не ги запишал своите „Дванаесет правила на мечот“, и наместо тоа ги нренесувал усно на своите ученици во школата за борба со мечеви „Еден рез“.

Текстот ги објаснува правилата за соборување на противникот како и две магични молитви за зајанување на духот и умот на самурајот, според Ерик Шанан, кој неодамна го преведе текстот. Шанан е преведувач од јапонски јазик, чија специјалност е превод на текстови за јапонските боречки вештини. Тој исто така има сан дан (црн појас, трет степен) во Кобудо, јапонска борбена вештина.

Двете магични молитви се нејасни и тешки да се сфатат. Една од нив вели дека самурајот треба да нацрта неколку санскритски карактери на дланките, вклучувајќи го карактерот Они, еден вид демон. Потоа самурајот треба да ги сврти дланките една кон друга, вели молитвата, и да прави со нив кружни движења додека го испушта гласно звукот „Ун!“, пред еднаш да плесне со рацете и да ги протрие, наведува молитвата.

Набљудување со духот

Едно од правилата во текстот е наречено „очите на срцето“; тоа вели, во преводот на Шанан дека „не треба да го гледате противникот со очите туку со духот… Ако го гледате со очите нешто може да ви го одвлече вниманието, ама затоа ако гледате со духот, умот останува сосредоточен.“ Двете магиски молитви кои можеле да му помогнат на самурај во школата „Еден рез“ да ги гледа противниците со „духот“ и „умот“ се исто така преведени во текстот на англиски јазик.

Луѓето кои живееле во Јапонија во 17.  век сигурно ќе биле вчудовидени гледајќи самурај кој го усовршил правилото „очите на срцето“ . „Во тоа време, на набљудувачот можеби му се чинело дека некој што ја имал усовршено техниката, имал натприродни моќи“, вели Шахан. Меѓутоа, постои научно објаснување за тоа како ги користеле својот „ум“ и „дух“ наместо очите, да го гледаат својот противник.

Според Шахнан „Објаснувањето е тоа дека човек реагира побрзо на нештата што се движат во неговиот периферен вид наспроти неговиот центар на фокус. Гледајќи директно во мечот на противникот, свесно да го забележите движењето, а потоа да се обидете да одговорите на него нема да заврши добро за вас ако сте среде дуел со мечеви.“

Шанан додава, „Дозволувајќи му на противникот да биде во вашето видно поле без да се сосредоточите на секој еден дел, му дозволува на вашиот периферен вид да реагира на секое движење или напад“; и „ќе реагирате побрзо отколку што можете ако дирекно го нападнете непријателот“.

Магичните молитви во текстот биле еден вид на самохипноза или ритул на медитација: „Ако умот е вознемирен пред битка, поразот е дефинитивен исход. Сигурно би можела да постои некаква поврзаност со очите на срцето во смисла дека треба да му дозволите на телото да реагира слобдно и несвесно на нападот на противникот“, вели Шанан.

Срце на лисица

Друго правило, наречено „срце на лисицата“ го предупредува самурајот од претерана претпазливост. Правилото истакнува дека лисиците се претпасливи и сомничави по природа, нешто што може да ги доведе до смрт. „Наместо да избегаат во една насока, тие застануваат овде-онде прорерувајќи што има зад нив. При еден од овие одложувања, ловецот кружи наоколу и ја убива лисицата. Лекцијата е дека претераната претпазливост довела до падот на лисицата,“ нагласува правилото.

Ако самурајот размислува што треба да направи и се двоуми, „противникот ќе го искористи моментот да нападне според тоа правило. „Оттаму, од клучно значење е да го отстраните секој сомнеж од својата техника. Морате жестко да вежбате за да бидете празни, да станете самата празнина“.

Другите правила ги вклучуваат „боровото дрво на ветрот“ кое го учи самурајот да не падне во замката на ритамот на противникот, туку да не користи никаков ритам. Друго, наречено „сосекување“ вклучува постигнување дејствување во дечлето од секундата и “спречување непостојани мисли“.

Шанхан вели дека самурајот кој ги научл техниките за мечување од школата Еден рез“ ги „се обучил за сите животи во вештините на ракување со меч и на тој начин тие остануваат вкоренети во неговито тело; било потребно да има ментална цврстина за да му дозволи на телото да реагира во дадената ситуација без премислување“.