Легендарниот камерунски напаѓач, Самуел Ето (40), смета дека фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема требаше барем еднаш да ја добие наградата за најдобар фудбалер на светот изминатите години.

Во претходната деценија, само Лука Модриќ успеа да ја земе наградата пред Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а минатата година Роберт Левандовски беше „оштетен“ за наградата бидејќи „Златната топка“ не беше доделена поради пандемијата.

Ето е убеден дека Бензема е најдобриот напаѓач во светот и дека требаше да има барем една награда за најдобар играч во светот.

  • Најдобриот напаѓач во светот. На сите веќе им е јасно дека не го добива признанието што го заслужува. За мене, тој е еден од играчите кои ја заслужија „Златната топка“ претходните години. Имаше одлични играчи кои не го добија тоа признание, како Раул, Малдини, Роберто Карлос. За Бензема има уште време, истакна Ето.

Последниот Французин што ја добил наградата за најдобар играч на светот беше Зинедин Зидан во 1998 година.

Карим Бензема е член на Реал Мадрид веќе 12 години, а со „Кралевите“ освои апсолутно се и постигна 285 голови на 565 натпревари.