За безбедно движење, по тесните улички треба да се користат издигнувања

75

Според групата скопски велосипедисти „На точак“ кога улицата е тесна и нема доволно простор за тротоари и велосипедски патеки, па моторизираниот и немоторизираниот сообраќај треба да се меша, тогаш мешањето треба да се направи на безбеден начин и тоа со смирување на сообраќајот..

-Коловозот се стеснува, се користат издигнувања на местото на пешачките премини, се користат други материјали и бои за да им укажат на возачите дека не се тие тука главни. Можат да се движат, но со големо внимание. Многу маалски улички во Скопје треба да се решат на ваков начин-сметаат од „На точак“.

Тие додаваат дека практично, секоја улица треба да има решение за пешачки и велосипедски сообраќај.

-Ако нема издвоен простор за пешаци и велосипеди, мора да го смири моторниот сообраќај до 30, 20 или 10 километри на час. Кога Кога има издвоени комотни тротоари и издвоени велосипедски патеки, само на тие улици смее да се вози до 50 километри на час-потенцираат од групата скопски велосипедисти, поткрепувајќи го сето кажано со фотографија како тоа би требало да изгледа.

(А.П.)