Бугарскиот боксер Кубрат Пулев е казнет со 2.500 долари и воедно мора да заврши курс за спречување на сексуално вознемирување доколку сака суспензијата да му биде прекината. Боксерот доби казна откако ја бакна новинарката Џенифер Равало без нејзина дозвола.

Државната спортска комисија на Калифорнија ја суспендираше боксерската дозвола на 37 – годишниот боксер во тешка категорија, кој кон крајот на март, по победата над Романецот Богдан Дину. По дуелот, Пулев ја зграпчи за лице и ја бакна во уста новинарката на „Вегас Спорт“, Равало.

Пулев и се извини на новинарката во текот на сослушувањето, на кое е одлучено да му се дозволи повторно да аплицира за боксерската лиценца, доколку до 22. јули ги исполни сите услови. Но, ако направи сличен прекршок, Пулев ќе се соочи со доживотна суспензија од боксот.

Новинарката по инцидентот изјави дека била шокирана и понижена од реакцијата на Бугаринот.