За април и мај: Обезбедени по 14.500 за културните работници

88

Министерството за култура обезбеди финансиска поддршка во месечен нето-износ од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година за уметниците и другите

физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и филмските работници. Според министерот за култура Хусни Исмаили, поддршката е во насока на ублажување на последиците од ковид-19.

„Последиците од коронавирусот ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници, воопшто. Убеден сум, вели Исмаили, дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе успееме да ги ублажиме последиците од состојбата во која се најдоа уметниците и културните и филмските работници и дека со заеднички сили и во иднина ќе продолжиме културата да биде онаа која ќе го обединува светот и ќе ја промовира нашата земја во светски рамки“, посочи Исмаили.