Зајакнувањето на односите меѓу Русија и Иран ги загрижува САД

38

САД ги гледаат со загриженост зацврстените односи меѓу Русија и Иран, соопштија од Стејт департментот. 

– Тоа треба да предизвика загриженост не само кај соседите на Русија и Иран, но и кај другите земји во светот, изјави на брифингот за новинарите Ведант Патер, претставник на Стејт департментот. 

– Го видивме хаосот предизвикан од беспилотните летала од иранско производство, што Русија ги употребува против Киев во напади на енергетската и цивилната инфраструктура. Затоа, секако, ние внимателно ги следиме тие односи, додаде тој. 

Русија ги употребува иранските дронови „Шахид“ за опширни воздушни удари во Украина, додека се уште трае нејзината сеопфатна инвазија на земјата. 

Тактиката со која беспилотните летала камиказе уништуваат објекти ги принуди украинските власти да побараат ракети со кои може да ги уриваат тие летала.  

Волстрит журнал објави дека во рамки на воената соработка меѓу Иран и Русија спаѓа и  руската помош на Иран да развива напредни дигитални технологии за електронско следење.