Заштитни столпчиња на дел од улицата „11 Октомври“

297

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ деновиве поставија заштитни столпчиња на тротоарот на улицата „11 Октомври“, на потегот спроти поранешен Тутунски комбинат.

Како што велат од Град Скопје, со поставените столпчиња се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег и се овозможува непречено движење за пешаците.