Заха е (не)реална опција

76

Сите англиски медиуми ја пласираа и информацијата дека лидерот во италијанската Серија А, тимот на Милан, е сериозно заинтересиран за услугите на најдобриот фудбалер во дресот на лондонскиот премиерлигаш Кристал Палас, Вилфред Заха. Крилниот напаѓач веќе подолг период сака да ја промени клупската средина, но секогаш главен проблем беше побараното обештетување од 80 мил. фунти. Неофицијално, „росонерите“ сакаат прво да го позајмат поранешниот фудбалер на Кардиф и Манчестер Јунајтед.