Захарова: НАТО продолжува да ја милитаризира Украина

    22

    НАТО продолжува да ја милитаризира Украина, предупреди денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, и посочи дека Северноатлантската алијанса веќе има распоредени сили на десетина локации во Украина.

    „Поттикнувањето на антируската хистерија е корисно за земјите-членки на НАТО кои под изговор на наводна закана од Русија, активно ја асимилираат Украина.

    „Врз основа на бројни проценки, тврдиме дека силите на НАТО се распоредени на десетина локации во Украина“, истакна Захарова, пренесува ТАС С.

    Таа посочи дека се градат уште два воени објекти на Северноатлантската алијанса, едниот во Очаково, а другиот во Илијчевск, кој треба да биде база за стратешките бомбардери на НАТО.

    Захарова предупреди дека Украина постепено се милитаризира, а воената инфраструктура на НАТО напредува и се приближува до руските граници, што, како што предупреди, нема да придонесе за стабилноста на Украина или за мирно решение на конфликтот во Донбас.